Актерката Наоми Вотс со години му е верна на бобот во различни варијанти, а на премиерата на новата сезона „Fued: Capote Vs. The Swans“ во Њујорк ја претстави најелегантната верзија на оваа класична фризура досега.
Бобот е без сомнение една од најпосакуваните фризури, а како што велат искусните фризери, постои варијанта на боб кој одлично им прилега, пренесе Стандард лајф,
Иако на прв поглед изгледа малку униформно, бобот доаѓа во многу варијанти, а може да се стилизира на сосема различни начини: разделен на средина, настрана, со додаток на шишки, рамно испеглан, со благи бранови…
Наоми (55) која на премиерата се појави во друштво на својот сопруг Били Крудап, освен што ги шармира сите во фантастичен црн фустан од тантела, кој го комплетираше со шик кадифени ракавици, ја воодушеви и со фризура која брише години во еден миг.
Станува збор за елегантен боб со директно сечење со краевите свиткани навнатре и разделени странично – тренди и класичен во исто време, кој успешно се спротивставува на сите трендови и има силен ефект против стареење.
Беспрекорниот стајлинг дополнително го надгради убавата актерка, позната по бројните забележителни филмски улоги, со необична чанта во форма на лебед, големи обетки во форма на лебед и црвен кармин.
Покрај Наоми, на премиерата во Њујорк беа присутни и Деми Мур, Моли Рингвалд, Роуз Бирн, Калиста Флокхарт и други.
Во серијата од осум епизоди, Наоми ја игра Бејб Пејли, членка на високото општество и е базирана на најпродаваната книга. Серијата го следи познатиот писател Труман Капоти, кој се дружеше со жени од елитните кругови, но се сè сруши кога објави дел од книгата што ја пишуваше.