Почина познатата актерка од Бродвеј: Беше ѕвезда на мјузиклот „Чикаго“ и добитничка на престижна награда

од Radmila Tasevska

Актерката и танчерка Чита Ривера почина на 91-годишна возраст.

Како што е наведено, ѕвездата од Бродвеј починала во својот дом во Њујорк, пишува Ролинг Стоун.

Причината за смртта сè уште не е соопштена, а тажната вест ја соопшти нејзината ќерка Лиза Морденте.

По нејзината ќерка зборуваше и нејзиниот претставник за медиуми.

„Со голема тага го објавувам смртта на саканата икона на Бродвеј, Чита Ривера. Мојата драга пријателка повеќе од 40 години имаше 91 година“, изјави нејзината претставничка Мерл Фримарк за People.

Чита Ривера играше во оригиналната екипа на мјузиклите „Чикаго“, „Приказна од западната страна“, „Бакнеж на жената пајак“ и ја освои наградата Тони за најдобра актерка во мјузикл во 1983 година.

Слични содржини