📷Фицо се фрли да плива во студен Дунав и се потсмеваше со новинарите

од Марта Пешевска
109 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо, објави фотографија на која плива во реката Дунав, иако времето беше студено, откако се појавија шпекулации во медиумите за неговото здравје.

„Само вчера, новинарите беа ‘загрижени’ дали воопшто дишам и дали можам да се искачам по скалите до мојата канцеларија. Затоа ги поканив на насипот утрово да се загреат и да пливаат. Никој не дојде. И ги разбирам. Малку росеше и беше постудено“, напиша Фицо на платформата „X“, објавувајќи фотографија на која стои во вода до половината, целосно мокар, облечен само во тесна маица.

Во последно време, Фицо често ја откажуваше или менуваше својата програма без понатамошни објаснувања. Тој откри дека има проблеми по атентатот од минатата година, кој оставил последици на неговото здравје.

„Постојат одредени работи поврзани со атентатот што ме спречуваат во одреден момент да го направам четиричасовното патување со автомобил. Нема да ви кажувам повеќе“, изјави Фицо, додавајќи дека е способен да извршува физички напорни задачи.

„Во политиката сум од 1991 година, тоа се 34 години. Понекогаш може да се случи нешто што ќе ве спречи да функционирате 100 проценти секој ден“, истакна премиерот на Словачка.

Слични содржини