139
Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил. Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и на улогата која ја одигра во филмот Catwoman.
„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој култен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Пејшнс Филипс или Catwoman“, напишала Хали покрај фотографиите на кои позира во гаќички со маска на нејзиното лице. Градите ги покри со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвои.
„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдобрата од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.