Холивудскиот актер Крис Хемсворт предизвика бројни коментари на социјалните мрежи откако на својот Инстаграм објави серија фотографии од семејно патување во Јапонија.
Имено, меѓу тие слики се најде и една на која неговиот 11-годишен син како го покажува средниот прст, што предизвика бројни реакции кај следбениците.
Додека некои обожаватели беа изненадени од оваа фотографија, други го пофалија Хемсворт за неговата автентичност и опуштен пристап кон родителството.
„Сериозно? Го учиш детето да покажува среден прст?“ напиша еден следбеник, додека многумина го поддржаа неговиот коментар.
Но, имаше и такви кои сметаа дека тоа е нормално и не гледаа ништо лошо во таквиот гест, нагласувајќи дека се зависи од контекстот.
Реакциите беа доста поделени, а повеќето коментатори се согласија дека слични гестови, како што е покажувањето среден прст, не мора да се знак за лошо воспитување, нагласувајќи дека децата можат да бидат учтиви и добро воспитани, и покрај повремените нељубезни гестови.
Хемсворт не изгледа премногу загрижен за коментарите. По тој инцидент, тој објави уште една слика на која неговиот син прави „гест со пиштол“, а во објавата има и слики од неговата сопруга Елса Патаки.
Инаку, Крис Хемсворт и Елса Патаки, шпанска актерка позната по улогата во серијата „Брзи и бесни“, се запознале во 2010 година преку заеднички агент. Нивната врска брзо напредуваше – се верија истата година и се венчаа во декември 2010.
Двојката има три деца: Индија Роуз и близнаците Тристан и Саша. По неколку години живеење во Лос Анџелес, семејството се преселило во Австралија.