Канје Вест имаше уште еден испад на „Х“, овој пат во кој беа вклучени Џеј Зи и Бијонсе, па дури и со навреди нивните деца. Во објавите ги вклучи и своите деца, а неговите шокантни тврдења се споделуваат на веќе на големо на Интернет.
По серијата нови антисемитски коментари на „Х“ што ги објави во средата, Канје повторно го насочи своето внимание кон раперот Џеј Зи и неговата сопруга, пејачката Бијонсе.
Вест претходно ги доведе во прашање менталните способности на 7-годишните близнаци на парот во вознемирувачка објава споделена на Твитер. Иако ја избриша објавата, повторно ја сподели.
„Го сакам Џеј Зи и се чувствувам лошо. Отсекогаш се чувствував како црната овца како да сакам семејство во ова музичко с*ање“, напишал меѓу другото.
Исто така се пожали што го одбрал Кендрик Ламар да настапи на овогодинешниот Супер Боул пред него. Во 2019 година, Џеј Зи потпиша партнерство со НФЛ за продукција на шоуто на полувремето на Супер Боул. Основачот на „Roc Nation“ го покани Кендрик Ламар да настапи на шоуто оваа година.
Канје се осврна и на критиките на Џеј Зи за него за поддршка на Доналд Трамп, како и на фактот дека тој и Бијонсе не присуствувале на неговата венчавка со Ким Кардашијан во 2014 година.
Раперот има долга историја со Џеј Зи, кој го менторираше на почетокот на неговата кариера. Нивниот однос датира од 2000 година, кога Вест продуцираше песни за Roc-A-Fella Records, кооснована од Џеј Зи. Вест дури ја напиша песната „Големиот брат“ во 2007 година како ода на нивното пријателство. Меѓутоа, меѓу раперите се појави несогласување откако Џеј Зи и Бијонсе ја прескокнаа венчавката на Вест со Кардашијан во 2014 година.
Во дополнителните објави објавени во средата, популарниот „Је“ исто така дал контроверзни тврдења за неговата поранешна сопруга и нејзиното семејство.
„100 отсто сум убеден дека моите деца се во синџир на сексуална трговија со луѓе“, напиша тој на Твитер по неговиот испад против Џеј Зи и Бијонсе.
Тој исто така тврдел дека Кардашијан и целото нејзино семејство биле вмешани во сексуална трговија и ја обвини Крис Џенер дека „се потпишала“ за тоа.