📷Ким Кардашијан повторно брутално е исмејaна

од Симе Стоиков
338 прегледи

Ким Кардашијан доби безмилосни коментари за неколку фотографии од Париз.

Ријалити ѕвездата која често е мета на негативни коментари, Ким Кардашијан, повторно ја шокираше јавноста со својот изглед.

Овој пат таа го покажа својот аутфит од Париз, а она што го облече предизвика лавина од коментари, многумина дури и кажаа дека доаѓа од 2006 година.

„5-та слика изгледа како кога бевте дете носејќи сè што имате во вашиот плакар“, „Ким што правиш со сите тие маици?“, „Како средно училиште во 2006 година“, „Изгледа дека носеше сè што поседува за да не биде повторно ограбена“, „Кога ќе ти кажат дека куферот ти е претежок на аеродром“, напишаа под оваа објава, а еден од следбениците ја опиша како најлошо облечена досега.

Петтата фотографија на која Ким навистина има неколку парчиња облека е особено контроверзна, а потсетува на стилот од пред 20 или повеќе години.

Слични содржини