📷Кинеските берзи растат, не им е грижа за царините на Трамп

„Не треба да очекуваме отстапки како оние што ги направија Виетнам или Јапонија. 5.000-годишната историја на Кина нè учи дека она што не се добива на бојното поле не може да се добие на преговарачка маса“, додаде тој.

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Берзанските индекси во Кина и Хонг Конг денеска завршија со раст, откако Пекинг објави документ во кој изразува подготвеност да се вклучи во дијалог со Вашингтон, и покрај американските царини од 104 отсто. Дополнителен стимул на пазарите обезбедија сигналите за владина поддршка за кинескиот пазар на капитал.

Индексот CSI300, кој ги следи перформансите на 300-те најголеми и најликвидни акции на берзите во Шангај и Шенжен и се смета за кинески еквивалент на S&P 500, го отвори тргувањето во црвено, но закрепна за да го заврши денот со раст од 1 отсто.

Шангајски Composite порасна за 1,3 отсто, додека Hang Seng, водечкиот индекс во Хонг Конг кој ги следи перформансите на 82-те најголеми компании на берзата во Хонг Конг, порасна за 0,7 отсто.

Кина денеска соопшти дека ќе преземе „одлучни и ефективни мерки“ за да ги заштити своите права и интереси, како одговор на тарифите наметнати од актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Технолошкиот сектор зајакнува, инвеститорите бараат домашна алтернатива на Западот

Поради продлабочувањето на трговскиот конфликт, инвеститорите се повеќе инвестираат во високотехнолошки сектори кои ги сметаат за клучни за технолошката независност на Кина. Акциите поврзани со полупроводници поскапеа за 5,3 отсто, а оние поврзани со вештачката интелигенција за 3,4 отсто.

Акциите на SMIC, кинески гигант за производство на чипови, скокнаа за околу 10 отсто.

„Ако ги погледнете најголемите западни производители на чипови, околу 40 отсто од нивниот приход доаѓа од Кина“, вели Бинеит Котари, партнер во хеџ фондот „Tekne Capital Management“ со седиште во Њујорк.

„Мислам дека за 5 до 10 години тој број ќе биде нула. Западот сака да се отцепи, а Кина сака да биде независна“, додава тој.

„Не треба да се очекуваат отстапки“

Индексот на кинеската одбранбена индустрија (CSI Defense) порасна за 5,8 отсто.

Акциите на компаниите за недвижнини забележаа раст и на копно (+5,2%) и на пазарот во Хонг Конг (+3,1%).

„Трговски договор со Америка веројатно нема да се случи наскоро и инвеститорите треба да се подготват за нестабилност“, рече Гао Ле, инвестициски советник во Galaxy Securities.

„Не треба да очекуваме отстапки како оние што ги направија Виетнам или Јапонија. 5.000-годишната историја на Кина нè учи дека она што не се добива на бојното поле не може да се добие на преговарачка маса“, додаде тој.

Слични содржини