33
Пред речиси 12 години, Lamborghini го претстави концептот Egoista на специјален настан за прослава на 50-годишнината на компанијата, необичен автомобил со необично име (Egoista – егоист).
Некои медиуми сега пишуваат дека Lamborghini добил понуда што не можел да ја одбие за автомобилот што првично сакал да го задржи за себе.
Уникатното Lamborghini Egoista наводно е продадено на швајцарски колекционер за неверојатни 117 милиони долари.
Овој едносед е придвижуван од 5,2-литарски V10 мотор со 441 kW/600 КС и 560 Nm, а неговата конструкција користи алуминиум и јаглеродни влакна.