📷Lynx DeLorean DMC-EV има технолошки напреден ентериер и цена од 250.000 долари

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Откако го објави претходно оваа година, Lynx Motors сега откри нови информации за претстојниот DeLorean DMC-EV.

Најголемо внимание привлекува информацијата дека автомобилот ќе чини 249.999 долари и дека испораките до клиентите ќе започнат во 2025 година. Купувачите можат да резервираат автомобил со депозит од 2.500 долари. Засега нема многу детали, но се знае дека ќе има целосно затворена предна маска и ќе ја носи ознаката DM-EV.

Може да се видат и модерните LED фарови, како и новиот обоен долен дел од каросеријата. Промените се забележливи и одзади, а се состојат од нови задни светла и браник кој очигледно е направен од стакло. Има и голем дифузор и голем број други промени.

Додека надворешноста е препознатлива на прв поглед, истото не може да се каже и за внатрешноста која е целосно променета. Пред возачот се наоѓа карбонски волан со три краци, како и масивен екран кој ја опфаќа речиси целата ширина на кабината. Има и нова централна конзола, која содржи безжичен полнач за мобилни телефони, како и ротационен контролер со интегриран екран. Може да се видат и нови панели на вратите, како и модерни седишта обложени со кожа со подобрени странични потпори.

Очекувано, V6 моторот е заменет со електромотори во тркалата, кои овозможуваат погон на четири тркала. Забрзувањето од 0 до 100 трае помалку од 4 секунди. Автомобилот има батерија CATL со капацитет од 70 KWh, која обезбедува автономија до 402 километри.

Се очекува автомобилот да понуди нови безбедносни карактеристики како што се анти-упад и контрола на тракцијата. Сепак, компанијата се уште работи на деталите, па се уште ништо не е официјално.

Слични содржини