Тешко е да се поверува дека нешто му недостасува на Lamborghini Revuelto, но Mansory никогаш не е „срамежлив“ во своите проекти и секогаш наоѓа начин да го остави својот препознатлив „потпис“ во форма на „коктел“ од карбон и бројни детали.
Проектот наречен Mansory Initiate е првиот што се базира на овој plug-in хибриден V12 модел, кој вклучува карбонски компоненти, поостри линии и зголемена моќност. Доаѓа по моделите Mansory Carbonado и Cabrera и во споредба со нив изгледа „воздржано“, барем според стандардите на Mansory.
Карбонскиот комплет за каросерија не оди многу подалеку од веќе агресивниот фабрички Revueltо, туку само ги истакнува острите рабови и драматичните агли, осигурувајќи дека автомобилот е уште позабележлив и „опасен“.
Revuelto добива карбонска хауба со отвори, поостар разделник и проширување на браниците, а има и редизајнирани странични здолништа со интегрирани отвори и перки, како и нови детали за довод во форма на „Z“.
Дел од пакетот е голем и агресивен дифузер, кој изгледа како да е „украден“ од прототипот за Revuelto SVJ. Автомобилот е украсен и со ознаки Mansori, а доби и нов капак на моторот од карбон, како и нов спојлер.
Mansory Initiate „се тркала“ на нов сет на лесни ковани тркала со десет краци FV.10 со димензии 21 инчи напред и 22 инчи назад. Овие бандажи се опремени со гуми 265/30 ZR21 напред и 355/25 ZR22 позади.
Внатрешноста се карактеризира со заедничка тема, сè што сакаат клиентите, можат да добијат. Автомобилот прикажан на фотографиите има кожна и велур внатрешност и има златни детали на седиштата, конецот и беџовите.
Што се однесува до перформансите, моќниот 6,5-литарски V12 мотор сега е помоќен и развива 880 КС и 760 Nm вртежен момент. Двата електромотори на plug-in хибридниот систем се непроменети, па автомобилот има вкупно 1.070 КС.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h сега трае 2,4 секунди, додека максималната брзина е 354 km/h. Mansory тврди дека дополнителната моќ навистина се чувствува.
Колку чинат модификациите не е објавено.