📷Mansory Mercedes-AMG GLE 63

од Vladimir Zorba
8 прегледи

И Mercedes-AMG GLE 63 беше подложен на сериозен третман во тјунинг компанијата Mansory.

Автомобилот овде добива аеро боди кит (прилагодени браници, хауба, заден дифузор, заден спојлер…), двобојна надворешност, поголеми тркала, нов издувен систем, модифицирана суспензија, црна и црвена кожна внатрешност и поголема моќност.

Поточно, наместо 612 КС и 850 Nm, Mansory Mercedes-AMG GLE 63 располага со 900 КС и 1200 Nm, додека забрзувањето од 0 до 100 km/h е 3,2 секунди.

Цената не е спомната во кратката вест.

Слични содржини