2
Mansory не можеше да одолее да го направи веќе впечатливиот Tesla Cybertruck уште поинтересен и неговото создавање го нарече Mansory Elongation.
Тука се првенствено елементите од јаглеродни влакна (браници, заден дифузор, прагови, хауба, ретровизори, две задни крила…), нови тркала од 26 инчи, модифицирана суспензија и префинет ентериер (комбинација од црна и бела кожа со жолти акценти).
Во однос на перформансите, Mansory Elongation го задржува електричниот погон на Cybertruck, па доаѓа со три електрични мотори кои испорачуваат комбинирана моќност од 630 kW/857 КС, овозможувајќи му на возилото да достигне 0-60 mph (0-96 km/h) за само 2,6 секунди.
Цената на пакетот не е наведена во кратката вест.