📷На продажба Alfa Romeo Giulia QV Racing Edition

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Реткиот модел Alfa Romeo Guulia Quardifolio Racing Edition ќе биде продаден на аукција на 31 јануари, а се очекува новиот сопственик за него да плати меѓу 70.000 и 90.000 евра.

Giulia Quadrifolgio никогаш не се продаваше во сличен број како BMW M3 или Mercedes-AMG C 63, но тоа не значи дека не е импресивен спортски седан со високи перформанси. Од сите претставени верзии, Racing е една од најатрактивните. Се разбира, сè уште не е GTAm, но сепак е многу поредок модел.

Беше претставен како дел од прославата на враќањето на името Alfa Romeo во Формула 1 и беше произведен во само 10 примероци. Италијанската компанија произведе и 10 примероци од моделот Stelvio Quadrifoglio во истата конфигурација.

Овој автомобил, како и сите други, носи бело-црвена комбинација на бои, исто како што беше случајот со болидот C38, кој се натпреваруваше во Формула 1 во текот на сезоната 2019 година. Хаубата е особено драматична со светло црвени линии, сини акценти и големото лого на Alfa во центарот.

Моделот доби и карбонски детали како крило на браникот и елементи на праговите, додека одзади има карбонски лип спојлер.

Подобрени се и перформансите. Автомобилот е опремен со Akrapovič титаниумски издувен систем и карбон-керамички сопирачки, додека моќноста на 2,9-литарскиот твин-турбо V6 мотор е зголемена за 10 КС на 512 КС. Автомобилот е полесен за 28 kg од стандардниот.

Аукциската куќа RM Sotheby’s истакнува дека автомобилот поминал само 5.990 километри.