За сезоната 2026, BMW M Motorsport го најавува својот нов тркачки автомобил кој се уште не е именуван и кој ќе го наследи M2 CS Racing.
Ќе помине некое време пред да се „откачи“ камуфлажата бидејќи новиот тркачки автомобил е сè уште во зародиш. BMW M Motorsport вели дека овој автомобил моментално е во рана фаза на развој. Дополнителни детали ќе бидат откриени во догледно време, но знаеме дека ќе седи под моделот M4 GT4.
Имајќи предвид дека тркачкиот автомобил нема да се натпреварува до 2026 година, тој би можел да се базира на идниот BMW M2 CS. Патниот M2 CS (Competition Sport) треба да се појави на пазарот следната година како специјално ограничено издание (ќе има 530 КС, погон на задните тркала, автоматски менувач и нешто помала тежина).
Некои извори сугерираат дека тркачкиот автомобил е базиран на обичниот М2. Сепак, има уште долг пат до крајот на развојот, па некои работи би можеле да се променат пред официјалното деби.