📷Naran hyper coupe

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Британскиот Naran Automotive го најави својот нов суперавтомобил на крајот на 2020 година, а сега се чини дека се е подготвено.

Во соопштението за медиумите се опишува Naran како 2+2 хипер купе инспирирано од серијата GT3, каде автомобилот ќе биде придвижуван од 5.0-литарски V8 твин-турбо мотор со 1.000 КС.

Со дизајнот се занимаваше Џовин Вонг, кој исто така беше одговорен за изгледот на моделите како што се Apollo IE и De Tomaso P72.

„Нашите автомобили имаат за цел да им понудат на клиентите неспоредливо управување и интензивни перформанси“, вели Амеер Наран, основач и извршен директор на Naran Automotive.

„Надминувајќи подалеку од сè за што некогаш сонувале во автомобил, во смисла на естетика, луксуз и возачко искуство“.

Официјална промоција се очекува наскоро, можеби веќе следниот месец на фестивалот на брзина во Гудвуд.

Што се однесува до цената, во зависност од желбите на клиентите, таа ќе се движи од околу 2 милиони евра па нагоре, додека серијата е ограничена на само 39 примероци.

Слични содржини