📷Новиот сириски лидер смета дека христијаните се суштински дел од сириското општество

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Новиот сириски лидер Ахмед Хусеин ал Шара го изрази своето воодушевување од папата Франциск за време на средбата со викарот на Светата земја, Ибрахим Фалтас во Дамаск, нагласувајќи дека ги смета христијаните за суштински дел од сириското општество, пишува ватиканскиот весник Oservatore Romano.

Фалтас објави дека Ал Шара му рекол дека сириските христијани не ги смета за малцинство, туку „составен и важен дел од историјата на сирискиот народ“.

Новиот сириски лидер изрази и големо восхитување и почит кон папата Франциск, истакнувајќи дека ги цени неговите напори и активности во насока на постигнување мир и помагање на луѓето кои имаат потреба, пренесе агенцијата Анса.

Слични содржини