📷Пукање на „Тајмс Сквер“: Има ранети, напаѓачот е тинејџер

Меѓу повредените се 18-годишно девојче и двајца мажи, на возраст од 19 и 65 години.

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Три лица се ранети во пукотница на „Тајмс Сквер“ во Њујорк рано утрово кога 17-годишен тинејџер, кој беше приведен од полицијата, отворил оган, објави „Њујорк пост“.

Меѓу повредените се 18-годишно девојче и двајца мажи, на возраст од 19 и 65 години.

Девојката се здобила со гребнатини на вратот, додека мажите се ранети во нозете.

Сите се однесени во болница и се во стабилна состојба. Тинејџерот е уапсен на местото на настанот, а огненото оружје е конфискувано.

Неговиот идентитет не е објавен поради неговата возраст, а обвиненијата сè уште не се поднесени.

Полицијата реагираше брзо, а истрагата е во тек.