📷Селена Гомез има ново момче – фановите со измешани чувства

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Многу нејзини обожаватели со нетрпение го очекуваа моментот кога Селена Гомез ќе најде ново момче. И, конечно тој е тука. Но, додека некои се многу среќни поради тоа, други беа среќни само додека не дознаат кој е тоа.

А кој е момчето кое предизвика вакви спротивставени коментари на нејзините фанови?

Селена, која има многу турбулентна животна приказна, откри дека е во врска со музичкиот продуцент Бени Бланк. Таа на Инстаграм сподели фотографија на која безгрижно лежи на неговото рамо.

На почетокот сите беа многу среќни, но кога беше откриено за кого се работи, дел од фановите почнаа да го критикуваат изборот на познатата пејачка.

Имено, тие не заборавија дека тој порано јавно ја нападна Селена, но изгледа дека таа му простила.

Пред извесно време Бени еднаш го пофали нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, што многумина го протолкуваа како критика за Гомез.

Но, Селена сега откри дека се во врска половина година и дека никој не се однесувал подобро со неа од Бени.

Сомнежите дека овој пар е во врска се појавија пред извесно време. Најпрво Селена коментираше на една од објавите на Бени на Инстаграм, а потоа беа видени заедно на нејзиниот роденден, додека Бени ја имаше раката околу нејзината половина.

Слични содржини