📷Серена Вилијамс оперирана: „Ми извадија циста од вратот со големина на грејпфрут“

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (43) откри дека неодамна и била отстранета циста со големина на грејпфрут од вратот. Сопственичката на 23 гренд слем титули во видео на социјалната мрежа Тик Ток објасни дека во мај открила грутка на десната страна на вратот и дека со магнетна резонанца било утврдено дека е бенигна. Цистата на помладата од сестрите Вилијамс не била отстранета веднаш откако ја открила, туку дури откако пораснала.

„Открив голема маса на вратот и се згрозив. Направив неколку тестови и се беше негативно. На крајот морав да ја отстранам цистата, беше со големина на грејпфрут. Но, се успеа и јас сум многу среќна што имав работа со прекрасни лекари. Сè уште се опоравувам, но станувам подобра. Здравјето е на прво место“, објави Вилијамс.

Серена Вилијамс ја освои својата прва Гренд слем титула на УС Опен во 1999 година, а последната во 2017 година на Австралија Опен, кој го освои седум пати. Таа исто така освои седум титули на „Вимблдон“, шест на УС Опен и три на Ролан Гарос.

Вкупно, таа освои 73 турнири во кариерата и помина дури 319 недели на врвот на ВТА ранг-листата, вклучувајќи 186 недели по ред.

Слични содржини