📷Сидни Свини видена со поранешниот вереник по раскинувањето на веридбата: „Фатена“ пред ресторан во Лос Анџелес

од Vladimir Zorba
928 прегледи

Откако се појавија гласини дека ја откажале венчавката и ја прекинале врската, Сидни Свини и нејзиниот поранешен вереник, Џонатан Давино беа фотографирани додека се шетаат заедно во Лос Анџелес.

Двојката била видена во ресторанот Beverly Glen Deli, каде наводно поминале околу еден час пред да продолжат со прошетката. И двајцата биле во лежерна облека и носеа очила за сонце, а со нив беше и кучето Тенк.

Овие фотографии доаѓаат откако Свини неодамна беше фотографирана без свршеничкиот прстен, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивната врска. Да потсетиме, на крајот на март беше објавено дека Свини и Давино ја откажале својата венчавка поради преголеми проблеми и напнатост во нивната врска.

Иако имаа големи несогласувања, извор близок до парот изјави дека тие се уште целосно не раскинале, но одлучиле да ја одложат својата венчавка додека работат на нивната врска.

Набргу потоа се појавија гласини за наводната врска на Свини со актерот Глен Пауел, со кој глумеше во филмот „Anyone But You“. Двојката беше фотографирана заедно во еден мексикански ресторан на свадбата на сестрата на Пауел, но извор близок до актерот брзо ги демантираше приказните, нагласувајќи дека Свини и Пауел не се во врска, туку се само добри пријатели.

Подоцна, за време на гостувањето во поткастот „Today With Jenna & Friends“, Пауел на хумористичен начин ги коментираше шпекулациите за неговата врска со Свини.

„Знаете, се е во вистинскиот тајминг. Лесли и Сид се навистина добри пријатели, венчавката беше фантастична“, изјави Пауел низ смеа.

Тој исто така додал дека венчавката била исклучително забавна, со многу „дива“ атмосфера меѓу пријателите и познаниците. „Пауел знаат да се забавуваат!“ заклучи тој.

Слични содржини