Откако вчера утрото го помина во посета на детска болница и ги изненади сите во смарагдно сино одело, Кејт Мидлтон вечерта блесна во облека достојна за идна кралица, пренесува Стандард лајф.
Поводот беше собир на дипломати во Лондон, а по тој повод принцезата од Велс се појави во едно од најгламурозните изданија од нејзината колекција, во кој веќе имавме можност да ја видиме на свадбата на јорданскиот принц Хусеин и неговата избраничка, Раџва Ал Саиф.
Тоа е розов макси фустан со долги ракави, обложен со светки и издигнат на кралско ниво со дијамантски појас и јака. Станува збор за креација на британски бренд, поточно почитуваната дизајнерка Џени Пакам, која нормално е специјализирана за венчаници.
Кејт Мидлтон беспрекорно го усогласи овој елегантен фустан со сребрени и розови нијанси на брендот „Џанвито Роси“ и клач чанта „Прада“ во ефективна металик розова боја.
Сепак, во преден план беше нејзината тијара и кралски накит – дијамантските обетки на покојната кралица Елизабета и брошот на Бентли Скинер вреден вртоглави 17 илјади евра.
Ова беше 11-ти пат Кејт да ја носи впечатливата тијара Lover’s Knot откако се омажи за Вилијам во 2011 година, а колку ретко можеме да ја видиме со овој кралски детаљ на главата, потврдува и фактот што таа избрала само една тијара вкупно 16 пати.
Lover’s Knot е познат како една од омилените дијадеми на покојната принцеза Дијана и е направен за кралицата Марија во средината на 1910-тите.