📷Веста дека се забавува со Том Круз одекна како бомба, но само еден ден подоцна – пресврт!

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Актерката Ана де Армас ги отфрли шпекулациите за нова романса со колегата Том Круз кога се прошета низ Мадрид со Мануел Анида Куеста, посинок на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез.

Парот се држеше за раце и уживаше во времето заедно, пренесува Hola!

Романсата меѓу Армас и Куеста, како што пишувавме претходно, наиде на бројни критики. Актерката беше обвинета дека излегувала со „посинок на диктатор“ и покрај тоа што на 18 години ја напуштила Куба токму поради диктатурата и лошите услови за живот и се преселила во Шпанија за да продолжи со успешна актерска кариера.

Новото момче на актерката, синот на сопругата на претседателот од претходниот брак, исто така е обвинет дека живее луксузен и раскошен живот во странство, додека мнозинството од населението во Куба живее во сиромаштија.

Патем, актерката и Куеста првпат ги поттикнаа гласините за нивната романса во ноември 2024 година, кога фотограф ги фати како разменуваат нежности на улиците на Мадрид. Тие се уште јавно не ја објавиле својата врска ниту пак се појавиле заедно на настани.

Слични содржини