Големата трагедија која рано утринава се случи во дискотека во Кочани му го одзеде животот на уште еден млад и надежен спортист.
Според штипските медиуми, на списокот на жртви е 18-годишниот Дамјан Танески, млад голман кој настапувал за повеќе клубови од регионот.
Танески во моментот на несреќата се најде во кобна положба, за жал не успевајќи да излезе како победник во оваа најважна битка, по што неговиот млад живот беше скратен на само 18 години.
-Во големата трагедија што се случи синоќа во Кочани, каде се запали дискотека, животот го загуби и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип. Во оваа огромна трагедија загинаа многу млади животи, а Танески, кој беше голман, за жал е еден од нив.
Во својата млада кариера, која допрва требаше да се развива и да ја достигне целта, настапуваше за штипскиот Мал Ајакс, беше во младинските категории на Вардар од Скопје, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, објави штипската телевизија МНет.