Поп-иконата Мадона му го честиташе 94-тиот роденден на својот татко, Силвио Чиконе. Таа сподели фотографии и видеа на Инстаграм од нејзиниот татко како јаде торта опкружен со балони.
Таа сподели серија фотографии и видеа од нејзиниот татко како ужива во торта, опкружен со балони, и монтажа од семејни спомени.
„Среќен роденден на мојот татко. 94 години и е силен! Тој поминал низ многу војни и многу загуби во животот, а сè уште има чувство за хумор и силна желба да станува од кревет секое утро и да го искористи денот на најдобар можен начин“, напиша Мадона на Инстаграм.
Пејачката, исто така, изрази жалење за општествениот тренд кој ја цени младоста и физичкиот изглед, додека вистинската мудрост и животното искуство на постарите лица честопати се игнорираат.
View this post on Instagram
„Штета што не живееме во свет кој го слави знаењето, искуството и мудроста што можеме да ги научиме само од нашите постари кои преживеале многу децении на оваа планета. Опседнати сме со младоста и физичката убавина, кои иронично не нè учат на ништо и ни даваат само моментално задоволство“, додаде таа.
Таа, исто така, се сети на својата мајка, која почина во 1963 година, и изрази верување дека ќе беше среќна и горда на својот сопруг.