226
Поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, му ја предаде должноста на новоизбраниот премиер Милојко Спајиќ.
„Како што налагаат демократските манири, примопредавањето на должностите се случи утрово! На новиот премиер и на 44-та Влада им посакав среќа. Нека Црна Гора секогаш смета само на успеси и нека остане на вистинскиот пат“, напиша Абазовиќ на Фејсбук.
На фотографиите кои ги објави Абазовиќ се гледа дека новиот премиер го пречекала торта со порака.
Да потсетиме, Собранието утринава ја избра 44-та Влада на Црна Гора. За избор на новата Влада гласале 46 пратеници, 19 биле против, а еден воздржан, пренесе „Телеграф.рс“.