📸 Блејк Лајвли блесна во кожно издание на роденденот на Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Актерката Блејк Лајвли, меѓу другите, присуствуваше на 34-тиот роденден на пејачката Тејлор Свифт.

На забавата дојде целата во црно, а со своето издание ги привлече сите погледи и успеа за момент да ја засени славеничката.

Имено, Блејк на забавата дојде во тесен кожен фустан до колена кој имаше голем шлиц на страна. Стајлингот го комплетираше со длабоки црни кожени чизми на потпетица.

Актерката доби бројни комплименти за својот изглед, а со оглед на тоа што многумина ја нарекуваат „некрунисана кралица на стилот“, таа сега уште еднаш ја потврди оваа неофицијална титула.

Слични содржини