Актерот Брус Вилис за првпат беше виден во јавноста откако ширум светот се прошири веста дека здравствената состојба му се влошила.
Во Санта Моника, Брус се прошета со своите пријатели и појадуваше со нив, а некои обожаватели го запреа на улица за да разговараат со него.
Носеше карирана кошула, црна јакна, тренерки и патики, а незаменлив додаток му беше капата која во последно време често ја носи.
За потсетување, на актерот му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а блиски извори неодамна потврдија дека неговата состојба се влошува.
„Брус има добри и лоши денови, но последните два месеца имаа многу повеќе лоши денови отколку добри“, изјавил извор за Us Weekly.
Близок извор потврди и дека семејството се плаши од тоа уште колку време му останува.