Актерката Ванеса Хаџинс минатиот викенд се омажи за спортистот Kол Такер.
Тие ја одржаа својата свадбена церемонија во Тулум, Мексико, во срцето на џунгла, а ги венчаше Џеј Шети, поранешен монах кој сега е познат гуру и автор на животниот стил.
Интересно е и тоа што Ванеса и Kол се запознале во октомври 2020 година, токму за време на онлајн медитација предводена од Шети. Актерката изјавила за Vogue дека „вложила доста труд во планирањето на венчавката“, но на крајот сè испаднало точно како што тие замислиле.
Таа откри и дека нејзината венчаница ја изработила познатата Вера Ванг, а станува збор за романтичен, тесен фустан со вел и наметка. Ванеса имала и деверици кои носеле долги фустани во боја на кајсија.
„Најемотивниот момент за мене е средбата пред олтарот и на сите им советувам да не се гледате претходно. Кога го видов Кол, можев да паднам. Длабоко вдишав и се принудив да продолжам понатаму“, изјави таа за споменатите медиуми.
Венчавката била договорена за 100-те најблиски луѓе.