📸 Четириесет познати жени на насловната страница на „Вог“: Зад фотографијата се крие емотивна причина

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Мартовското издание на британскиот „Вог“ е последното издание на ова списание кое го уредува Едвард Енинфул. Во таа чест 40 познати жени позираа за насловната страница, а потоа ја објавија оваа фотографија на своите профили на социјалните мрежи.

Едвард беше уредник на 76 изданија, со 153 познати личности на насловните страници.

Насловната фотографија ја објави и Викторија Бекам, која е и самата на таа фотографија. Таа наведе дека е крај на една ера и истакна дека ѝ е чест што е дел од ваква кампања.

Викторија му се обрати и на Енинфул и напиша дека едвај чека да го види неговиот следен потег.

На X беше објавено видео од зад сцената, па може да се види како е направена легендарната фотографија на која се Џејн Фонда, Ирина Шајк, Линда Еванџелиста, Мајли Сајрус, Кара Делевињ, Кејт Мос и нејзината ќерка Лила Грејс Мос Хек, Салма Хаек, Кристи Тарлингтон и многу други.

@britishvogue Replying to @erinmeskers 40 of the most booked and blessed women on earth made it to one studio in Manhattan, on one day in December, to take one image together for the March 2024 issue of #BritishVogue ♬ original sound – British Vogue

Фотографијата ја воодушеви јавноста, а многумина истакнаа дека тоа што на фотографијата нема членка на семејство Кардашијан е позитивен детал.

Слични содржини