📸 Џенифер Лопез за годините: „Повеќе не мора да се срамиме што природата си го прави своето“

од Stefanija Kuzmanovska
469 прегледи

Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна објави дека по 10 години ќе издаде нов албум, како и музички филм за себе.

Таа на Инстаграм напиша дека и новите песни и филмот ќе ја видат светлината на денот на 16 февруари 2024 година, а сега во ново интервју зборува за нејзиниот добар изглед и години и истакна дека тие ништо не ѝ значат.

„Во Холивуд има се повеќе улоги за постари жени и тоа е одлична вест. Се чини дека и публиката и продуцентите конечно сфатија дека постарите жени со годините стануваат посекси. Нивната убавина и привлечност не се само физички, туку доаѓаат со искуството и карактерот, и мудроста која ги придружува“, изјави таа за Elle.

Истакна и дека е среќна бидејќи има се повеќе улоги за жени на нејзина возраст.

„Има се повеќе улоги за жени на моја возраст, што не беше случај до неодамна. Многу работи се сменија и повеќе не мора да се чувствуваме депресивни и да се срамиме што природата си го прави своето. Згора на тоа, колку стареам, толку се чувствувам посекси, бидејќи можам да им понудам повеќе на другите и на себе“, вели Лопез и додава:

„Поискусна сум, позадоволна сум со себе и од животот, а приказните од многу одамна за тоа како никој не сака да гледа жени од 30 и повеќе години на филмското платно и на малите екрани ми се смешни“.

Таа истакна дека планира да работи се додека тоа ја исполнува и додека нејзиното здравје ја служи.

„Ќе видиме кога ќе биде тоа, тешко е да се процени во моментов: Можеби до моите седумдесетти, осумдесетти, деведесетти… Кој знае? Но, најважно е што има се повеќе улоги за жени од сите возрасти“, заклучила Џенифер.

Слични содржини