Пејачката Северина деновиве води јавна борба откако Врховниот суд на Хрватска одлучи повторно да ѝ го одземе старателството над синот Александар.
Пејачот Златан Стипишиќ Џибони е меѓу многуте познати личности кои ѝ дадоа поддршка на Севе.
Имено, доделувањето на наградата Цесарица беше емитувано на ХТВ, а во разговор со водителката Маја Цигленецки, Џибони во еден момент рече:
„Знаеш што, ќе кажам нешто што не ме праша. Мал народ сме, секој знае кој што има за ручек. Нема тајни. Значи, знаеме, не е тајна, дека Северина е добра мајка. Тоа сакав да го кажам. Треба да ѝ го дадат тој малечок“, рече Џибони.
Ова стигна и до Северина, која му се обрати на легендарниот пејач преку Инстаграм:
„Ти благодарам, Џибо мој. Поддршката која ја добив е огромна и ќе го победи сето зло“.