📸 „Дури и Барби би била љубоморна“: Блејк Лајвли во гламурозно розово издание

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Блејк Лајвли важи за една од најдобро стилизираните жени во Холивуд. Таа сега тоа уште еднаш го потврди со гламурозно издание кое не можеше да помине незабележано.

Имено, Блејк позираше облечена во розово од глава до пети. Таа беше облечена во краток фустан сличен на оној на балерините, чевли со високи потпетици украсени со машнички, чанта со голема машна и ракавици – се во розова боја.

Нејзината коса беше во бранови и пуштена, а носеше кармин во нијанса на гардеробата. Сепак, таа ја разби монотонијата со суптилен, но ефикасен смарагден накит.

Ова нејзино „Барби издание“ воодушеви многумина, а многумина ја споредија со Серена ван дер Вудсен – ликот што го глумеше во серијата Gossip Girl кој ја прослави.

„Едноставно совршена“, „Божествена“, „Гламурозна“, „Толку си шик што дури и Барби би била љубоморна“, „Буквално Барби“, „Ти си буквално Серена ван дер Вудсен“, „Оваа жена гори“ се само некои на коментарите.

Слични содржини