За ревијата на најновата колекција на Изабела Ранџел Грутман биле барани повеќе покани, но две дами без многу мака добија една. Секако, станува збор за невенчаната сопруга на Лионел Меси, Антонела Рокузо и Викторија Бекам, кои откако Меси и неговото семејство се преселиле во Мајами, често се дружат.
Лионел Меси, Антонела Рокузо и нивните три деца одлично се вклопиле во новиот живот. Моментално живеат во Мајами, каде фудбалската ѕвезда игра за Интер Мајами. Тие беа пречекани со раширени раце од локалните жители и обожаватели, како и од Дејвид и Викторија Бекам, кои се покажаа како совршени домаќини за ова познато аргентинско семејство.
Поради тоа што нивните домаќини, Бекамови, создаваат пријателски односи со нив, не е чудно што често може да се видат како излегуваат заедно, особено Антонел и Викторија. Така тие две беа на претставувањето на најновата колекција на Изабела Ранџел Грунтман во ресторанот Казадона во Мајами.
Тие на своите профили на социјалните мрежи покажаа како добро се забавувале, а потоа Викторија Бекам се пофали со нивната заедничка вечера во новоотворениот ресторан „Казадона“.
Друштвото беше навистина големо, а заедно со Антонела и Меси беа и шпанскиот играч Серхио Бускетс со сопругата Елена Галера, блиска пријателка на Антонела и синот на Бекам, Бруклин со сопругата Никола Пелц.