350
Поп-дивата Бијонсе пред неколку дена ја имаше премиерата на нејзиниот филм „Renaissance: A Film by Beyonce“ во Лондон, а на премиерата се појави во необична модна креација.
Пејачката пристигнала во друштво на својата ќерка Блу Ајви, која настапи со неа на неодамна завршената светска турнеја, и нејзиниот сопруг Џеј Зи.
Проекцијата беше приватна, а многу колеги и пријатели дојдоа да ѝ дадат поддршка, како поп принцезата Тејлор Свифт, актерката Блејк Лајвли, Мишел Вилијамс и многу други.
Бидејќи беше екстравагантна на турнејата, така се облече и за премиерата. Наместо фустан, таа облече џиновски блескав костим на Balmain во форма на брош.
Сепак, фановите најмногу ги шокираше нејзината платинасто обоена коса.