273
Мајли Сајрус привлече внимание со фризурата на Греми наградите. 31-годишната пејачка се одлучи за прилично драматичен изглед кој се состоеше од фустан од златна мрежа од Maison Margiela и штикли од Christian Louboutin, пренесе Стандард лајф.
Таа сето тоа го зачини со обемна фризура која многумина ја споредуваа со фризурите на ѕвездите во 1980-тите.
„Дали е ова Мајли или Курт Расел?“, „Таа сеобидува да ги врати 80-тите во мода?“, „Изгледа како да ја удрила струја пред црвениот тепих“, коментираат на социјалните мрежи, додека други ја пофалија храброста на Мајли.
miley cyrus at the Grammys tonight: pic.twitter.com/eJoF7sqTKN
— bird saying anything (@ikeamonkeystan) February 5, 2024
Мајли Сајрус го освои своето прво Греми, за песната Flowers.