📸 Германската принцеза позираше гола за Плејбој

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Принцезата од Саксонија, Ксенија Флоренс Габриела Софи Ајрис позираше гола за германското издание на „Плејбој“.

Така, 37-годишната принцеза стана првиот аристократ кој се соблече за споменатото списание.

„Сакам да покажам дека секоја жена е убава таква каква што е“, навела Ксенија, која тврди дека е поврзана со илјада години старата германска династија Ветин.

„Искрено, би била многу изненадена доколку моето древно благородно семејство го купи ова списание, но се надевам дека барем ќе го толерираат овој мој потег.

Таа е убедена дека нејзиниот прадедо, последниот крал на Саксонија, Фридрих Август Трети, сигурно би го одобрил нејзиниот потег да позира без облека.

„Сите велат дека тој сакал да се шегува и бил полн со љубов“, објаснила таа во интервјуто за „Плејбој“.

Принцезата, која е и пејачка, колумнист и ѕвезда на бројни реални шоуа, во искрено интервју за магазинот откри и дека постојано се бори со предрасудите поради нејзината титула.

Слични содржини