📸 ХОРОР КАЈ МАРОКО: Група китови нападнале јахта, 45 минути удирале во пловилото

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Орките уште еднаш ги нападнаа луѓето на отворено море. Овој пат, група китови убијци потопиле полска јахта во близина на брегот на Мароко, се вели во објавата на Фејсбук на туристичката компанија Sea Mile.

Инцидентот се случил на 31 октомври откако група орки ја нападнале јахтата, по име Граци Мама II, додека минувале низ Гибралтарскиот Проток, објави „Инсајдер“. За среќа, никој не бил повреден.

Морските цицачи – кои можат да пораснат над девет метри и тежат над 11 тони – наводно „удирале во јахтата 45 минути, предизвикувајќи голема штета и протекување“.

И покрај напорите да се спаси јахтата, таа „потонала во близина на влезот на пристаништето Тангер-Мед“, се вели во пораката.

Слични содржини