Минатиот викенд, во Мајами се одржа трка од Формула 1, а меѓу бројните славни личности и гледачи се најде и најпознатата хрватска навивачка — Ивана Кнол.
Атрактивната бринета, која стана светски позната по нејзините стајлинзи на Светските првенства во Русија и Катар, како и на Европското првенство во Германија, овој пат изненади со драстична промена на изгледот. Наместо нејзината препознатлива долга црна коса, Ивана се појави со пократка фризура, обоена во сино — нешто сосема ново за неа.
Иако со години внимателно ги подготвува своите модни комбинации за натпреварите на хрватската фудбалска репрезентација, овојпат, изгледа дека фокусот беше повеќе на нејзината нова фризура отколку на стајлингот. Сепак, нејзиниот впечатлив изглед и бујната фигура останаа во центарот на вниманието.
Ивана Кнол, која по професија е инфлуенсерка и диџејка, често е мета на критики поради претераното уредување на своите фотографии и видеа. Но, тоа не ја спречува да ужива огромна популарност на социјалните мрежи — на Инстаграм ја следат над 2,8 милиони луѓе. Голем дел од оваа публика ја стекна за време на Светското првенство во Катар, кога нејзините фотографии од трибините станаа вирални. Бројот на следбеници дополнително порасна и по Европското првенство во Германија.
Изгледа дека Ивана знае како постојано да биде во центарот на вниманието — без разлика дали е на стадион или на трка од Формула 1.
View this post on Instagram