📸 „Јас сум како вас“: Северина за првпат јавно се огласи откако ѝ беше вратено старателството над синот

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Популарната пејачка Северина Вучковиќ успеа да си го врати старателството над синот Александар во судскиот процес кој го водеше со поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Жупанискиот суд во Сплит ја повтори својата претходна законска одлука според која таткото и мајката на дванаесетгодишното момче се обврзани да го делат родителството над своето дете, односно „да ги извршуваат родителските права и должности со договор, заеднички и еднакво“.

Во оваа прилика се огласи и Северина, која преку својот Инстаграм профил им се обрати на сите кои ѝ даваа огромна поддршка додека се бореше за старателство и испрати силна порака.

„Јас сум како вас. Животот ме научи дека љубовта се враќа со љубов. Така беше и во изминатите четири недели (од пресуда до пресуда). Затоа, им благодарам на сите за неверојатните 28 дена љубов и поддршка со кои ме опсипавте. Вие ме нахранивте со силата што ја насочив кон мојот син. Но и на помагањето на другите. Секој кој почувствувал тага знае како е да се живее со тага. За жал, јас сум еден од тие и затоа ве разбирам сите. Единствената помош што можеме да си ја пружиме е поддршката! На секој човек на кој му е направена неправда, на кој се гледа различно, за кој нема заштита. Јавно, сега и веднаш. За да бидеме добро општество, добра земја – сите граѓани мора да бидат еднакви, еднакви пред законот, но пред се еднакви во срцето“, напиша Северина Вучковиќ и додаде:

„Утре ќе излезе кампањата на која сум исклучително горда и што ја снимив пред две недели, кога ми беше навистина тешко. Но знаев дека морам. Тоа е кампања посветена на луѓе на кои не се гледа како на ‘нормални’, на ‘болните луѓе во општеството’, кои тешко се прифатени од околината, а се исти како нас. А единствените ‘болни луѓе на нашето општество’ се оние кои јавно ги осудуваат ‘поинаквите’, кои би им ги одзеле правата, еднаквоста“.

Слични содржини