📸 Кејт Бланшет покажа зошто е стилска икона: Облече тексас во свечена пригода

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Кејт Бланшет секогаш привлекува внимание со својот моден избор – без разлика дали позира во екстравагантна вечерна креација на црвениот тепих пред престижно доделување на награди или избира едноставни парчиња за секојдневни активности.

Австралиската актерка отсекогаш изгледала елегантно и женствено. Таа не бега од експериментирање со ткаенини, конструкции и модни стилови за да ја истакне својата личност.

Кејт привлече внимание и на неодамна одржаната проекција на Sophie’s Choice во Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Таа за оваа пригода избра интересен тексас костум во сива боја – составен од долго сако и фармерки.

Слични содржини