Кралот Чарлс се врати во Лондон откако му беше дијагностициран рак и се сретна со надворешниот свет за првпат по неговата дијагноза.
Иако кралот Чарлс продолжи да ги извршува обврските од дома, овој пат се сретна со британскиот премиер Риши Сунак во Бакингемската палата.
Кралот и Сунак прво разговарале на телефон, а потоа се појавиja фотографии од нивната средба, каде Сунак открил дека е многу среќен бидејќи кралот изгледал добро.
„Сите сме со Вас, земјата е со Вас“, му рекол премиерот на кралот.
Чарлс не е познат по тоа што покажува емоции во јавноста, но овој пат не можеше да се воздржи.
King Charles 'reduced to tears' by support after cancer diagnosis https://t.co/qdXzonxtUd
— Citizen TV Kenya (@citizentvkenya) February 22, 2024
„Добив толку многу прекрасни пораки и честитки. Многу од нив ми натераа солзи на очи“, рекол кралот со солзи во очите.
Фотографиите на кралот Чарлс со солзи во очите набрзо ги преплавија социјалните мрежи.
Да потсетиме, кралот на почетокот на февруари откри дека има рак и оттогаш целото време го поминува на кралскиот имот во Сандрингем, додека патува во Лондон само на лекување и средби во палатата.