456
Лејди Гага се појави на црвениот тепих заедно со актерот Бредли Купер, на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“, кој ќе се прикажува и на Нетфликс.
Гага, која во последно време избегнува јавни настапи, на овој настан дојде да го поддржи својот колега и пријател Бредли Купер, воедно и режисер на филмот, со кој во 2018 година глумеше во хит филмот „A Star Is Born“.
Ова е првпат Бредли и Гага да се појават заедно на црвениот тепих по завршувањето на промоцијата на споменатиот хит филм.
Лејди Гага позираше со Купер и неговата колешка од „Маестро“ Кери Малиган пред проекцијата во Музејот на филм на Академијата во вторник во Лос Анџелес. Ќерката на Купер, Леа Де Сеин, исто така позираше со ѕвездите.