336
Селена Гомез го привлече вниманието со својот изглед во Париз. Актерката и пејачка е фотографирана на вечера во краток црн фустан, но вниманието го украде нејзиното лице кое под блесоците на папараците испадна малку чудно, пренесе Стандард лајф.
Обожавателите ја обвинуваат нејзината шминкерка за овие сцени.
Последниве години нејзиниот изглед често е мета на критики, но таа не дозволува да влијае врз неа и во јавноста се залага за природен изглед и често зборува за проблемите на наметнатите општествени стандарди на убавина. Таа често објавува фотографии на кои позира без шминка.