📸 Наоми Кембел за првпат во јавноста откако нејзиното име се појави во документите за Епстајн

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Наоми Кембел вчера била видена за првпат во јавноста откако нејзиното име се појави во судските документи за Џефри Епстајн, меѓу имињата на бројни светски ѕвезди. Манекенката е фотографирана во Дубаи со актерката Нада Адел. Тие биле забележани пред познатата теретана FitnGlam. Модната ѕвезда беше во спортско-елегантно издание.

Месечната членарина за оваа теретана во Дубаи е 300 фунти или околу 350 евра. Не е познато дали Наоми Кембел ќе остане подолго во овој град или Дубаи е само попатна станица до нова дестинација.

Манекенката се најде среде скандал, како и многу други холивудски ѕвезди. Пилотот Дејвид Роџерс, кој управувал со авионот „Лолита експрес“ на Џефри Епстајн, во 2009 година изјави дека Наоми била меѓу познатите патници, откриваат новообјавените документи.

Во 2019 година, Кембел рече дека го познава Епстајн, осудениот педофил кој почина таа година во затвор во Њујорк додека му се судеше за сексуална трговија.

„На мојот 31-ви роденден, моето поранешно момче Флавио Бријаторе ме запозна со него, тој секогаш беше во предните редови на ревиите на Викторија Сикрет“, рече таа.

Познатата манекенка била во друштво на соработничката и љубовница на Епстајн, Гислејн Максвел, која за него регрутираше малолетни девојчиња како сексуални робинки и која во 2021 година беше осудена на 20 години затвор за сексуална трговија со малолетнички.

„Тоа што го направи е неодбранливо и кога слушнав што направил, ми се слоши“, изјави Наоми своевремено и додаде дека била шокирана од пишувањето за нејзиното дружење со „озлогласените луѓе“. „Јас не сум светица… но нема да бидам заложник на моето минато“, нагласила таа.

Слични содржини