Кариерата на познатиот актер Дејвид Карусо ја одбележа улогата на Хорацио Кејн во серијата CSI: Miami.
Снимањето на оваа популарна серија заврши во 2012 година, а Дејвид одлучи да се пензионира после тоа.
Во јавноста остана запаметен по кратката портокалова коса, темните очила и театарските паузи меѓу речениците, додека зборуваше додека го толкуваше главниот лик во серијата. Токму неговата улога во оваа серија му донесе вртоглав хонорар од дури 375.000 долари по епизода и го направи еден од најплатените актери.
Дејвид денес има 67 години, целосно се повлече од јавноста и ретки се случаите кога папараците ќе го „уловат“. Меѓутоа, неодамна тој беше фотографиран на улица во опуштено издание, а многумина коментираа дека актерот сега е непрепознатлив.