📸 Непријатна средба: Бред Пит на иста изложба со таткото и братот на Анџелина Џоли

од Stefanija Kuzmanovska
487 прегледи

Актерот Бред Пит присуствувал на изложба со својата нова девојка Инес де Рамон и случајно го сретнал таткото на својата поранешна сопруга.

На една фотографија која протече од настанот, Бред се смее и се шегува со пријател, стоејќи на само неколку чекори од таткото на Анџелина, Џон Војт и нејзиниот брат Џејмс Хевен.

Очевидец изјавил дека на Бред му било непријатно што го сретнал семејството на поранешната сопруга, но дека се поминало во најдобар ред.

„Многу луѓе забележаа колку му беше непријатно да биде во иста просторија со семејството на Анџелина, а не стануваше збор за голем простор. Ми кажаа дека Џејмс бил љубезен и се поздравил со Бред, но не ги видов како разговараат, поголемиот дел од настанот го поминаа одделно, разговарајќи со пријателите“, изјавил очевидец.

Додава дека имало многу шпекулации за оваа средба и се верува дека Бред не се надевал на нивна средба.

Исто така, таму бил и поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Сем Ашгари.

„Сем Ашгари, исто така беше таму и побара од Бред да направат селфи, а потоа отиде на другата страна и продолжи да разговара со Џејмс и Џон“, додаде изворот.

Анџелина има турбулентен однос со нејзиниот татко Џон Војт (85), кој претходно ѝ посака побрзо да закрепне за време на разводот со Бред.

„Бред имаше проблем со алкохолот и се надевам дека ќе се справи со тоа, се молам за момчето“, изјавил Џон во тоа време за The Sun.

Братот на Анџелина, Џејмс, многу ја поддржуваше својата сестра за време на разводот и често се грижи за трите биолошки и трите посвоени деца на парот.

Во гостувањето на подкастот „90who10“ претходно овој месец, тој рече дека стои на страната на Анџелина.

Слични содржини