📸 Парис Хилтон стана мајка по втор пат, откриен полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Познатата наследничка Парис Хилтон го доби своето второ дете.

Богатата наследничка и нејзиниот сопруг Картер Реум добија ќерка 10 месеци откако Парис објави дека добила син со помош на сурогат мајка.

Таа на Денот на благодарноста ја објави веста дека добила ќерка, а девојчето го добило името Лондон.

„Благодарна за моето девојче“, напиша Парис Хилтон покрај фотографијата од розова женска облека на која пишува Лондон.

Да потсетиме, синот кој го добија пред неполна година се вика Феникс.

Слични содржини