📸 Pizza Hut претстави пица со змии, дали би ја пробале?

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Американската компанија Pizza Hut се здружи со ресторан стар еден век во Хонг Конг за да го модернизира традиционалното јадење, односно пица со змија. Новата понуда комбинира сечкано змиско месо, црни печурки и кинеска шунка – сите суштински состојки на автентична змиска чорба и дел од маркетинг планот на франшизата од Хонг Конг за создавање „бум“ на Интернет.

Некои во Хонг Конг и во јужна Кина долго време уживаат во чорба од змија, особено во постудените месеци. Според една изрека на локалниот кантонски дијалект, најдобро време за јадење змии е „кога дува есенски ветар“ – кога тие се прејадувале за да се подготват за хибернација.

Многумина веруваат дека змиското месо има лековити својства, дека ја подобрува состојбата на кожата и го загрева телото. Богатата кулинарска култура базирана на змии е вообичаена и во други делови на Југоисточна Азија, како што се Виетнам и Тајланд, каде што змиите најчесто се одгледуваат за конзумирање.

„Споено со кашкавал и пилешко исечено на коцки, змиското месо станува побогато на вкус“, соопшти Pizza Hut Hong Kong пред јадењето да излезе во продажба минатата недела, додавајќи дека „хранливото“ месо „може да ја поттикне циркулацијата на крвта“ – што е вообичаено верување во традиционалната кинеска медицина.

Синџирот се здружил со Sir Wong Fun, ресторан за змии во центарот на Хонг Конг со корени од 1895 година, за да дојде до најновиот рецепт. Пицата доаѓа со абалонски сос наместо конвенционална база од домати, а во продажба е до 22 ноември.

Си-Ен-Ен ја проба пицата и откри дека текстурата на змијата е слична на суво пилешко.

Слични содржини