📸 Премиерот на Австралија ја запроси својата партнерка на Денот на вљубените

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска објави дека ја запросил својата партнерка Џоди Хејдон на Денот на вљубените.

Албанезе на социјалните мрежи објави фотографија на која е со својата вереница и напиша: „Таа рече да“.

„Голема е радоста што најдов партнерка со која сакам да го поминам остатокот од мојот живот“, изјавил денеска Албанезе во интервју за „Скај“.

По вечерата за Денот на вљубените во италијански ресторан, тој ја запросил Хејдон на балконот од официјалната резиденција на премиерот во Канбера.

Двојката првпат се запознала на настан во Мелбурн на почетокот на 2020 година, објави „Ројтерс“.

Слични содржини